Никогаш не е доцна да се отстранат некои недостатоци кои им сметаат на жителите на Општина Кочани. . Така по двете објави на напорталот www.komarec.com.mk за настанатиот отвор на асфалтот на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани спроти блок А од ГТЦ – Кочани, дебес конечно реакција, отворот е затворен и сега нема да претставува пречка за учесниците во сообраќајот.

Да потсетиме, поради некаква интервенција на една од водоводните или канализационите мрежи асфалтот беше ископан, дефектот по неколку дена беше саниран, на ископаниот дел беше вратен ископот на земја и работниците си заминаа. Сето ова претстацуваше проблем за учесниците во сообраќајот.
Беше, но од денес тој проблем на овој потег го нема.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
