Изминатата шестисаше се реновираа оштетените клупи на повеќе локации во градот.

Почнувајќи од „Гоцева шума“, кејот на „Кочанска река“, во паркот, кај „Сиви дом“, кај „Атомските згради“, едноставно речиси секаде каде клупите кои се наменети за одмор беа испокршени.

Сега кога се реновирани се поставува прашањето „До кога ќе издржат“, „ноќните птици“ под дејство на алкохол или на некои психотропски супстанци слободно се движат во ноќните часови и сиот без го пренесуваат онаму каде што треба.

Апел до населението, таквите натрапници да изнајдат можност да ги фотографираат а апел и до градоначалникот на Општина Кочани, да не троши повеќе пари од Буџетот за оваа намена, туку да побара од најблиските објекти со посредство на полицијата да ги погледне камерите (доколку објектот располага со камери) и да преземат ригорозни мерки кон сторителите. Во спротивно ова ќе оди во недоглед.



С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
