Со читање на меѓународната порака за 2 Април, денеска во Кочани официјално започна одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца. Под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна“, ЈОУ Библиотека „Искра“ го отвори традиционалниот фестивал кој ги обединува децата, книгите и музиката.

Пред присутните говореа директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова и координаторката на проектот Магдалена Кочовска Салтирова, а во името на градоначалникот Фестивалот го отвори Аника Илијевска Ѓорѓиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.

Во чест на Меѓународниот ден на литературата за деца се реализираат серија настани кои преку разновидни содржини ги поврзат литературата, уметноста и едукацијата. Целта на овие активности е да се поттикне креативноста кај најмладите и да се зајакне мотивацијата за читање книги.

Оваа година Библиотеката „Искра“ по 15. пат го одбележува Меѓународниот ден на книжевноста за деца, а 9 години со проектот „Фестивал на децата, книгите и музиката“.

На континуираните поддржувачи, Општина Кочани, Ротари клубот Кочани-Виница и компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ им беа врачени благодарници.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
