КОЈ ДА ГИ ОТСТРАНИ СО ГОДИНИ ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА НА ТРОТОАРОТ?

април 9, 2026
0 минути

Наши читатели се пожалија дека со години на тротоарот од улицата „Гоце Делчев“ веднаш спроти Џамијата (Дуди Ханум) стојат паркирани нерегистрирани возила кои го попречуваат минувањето на пешаците.

Обраснати во трева со години никој не ги поместува а како во близина има свиок возачите немаат добра прегледност па во опасност се доведуваат пешаците кои според нечија негрижа мора да минуваат на улицата а не на тротоарот каде што им е местото.

Жителите од овој потег на градот ги замолуваат надлежните служби во општината да интервенираат час поскоро, да ги отстранат возилата бидејќи моторите и автомобилите не ја почитуваат пропишаната брзина.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ