ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ

јули 1, 2022
1 минути

На 30.06.2022 во 13.15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, З.Д.(63) од с.Долни Подлог, кочанско, управувајќи велосипед излетал од патот.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавнатa здравствена установа Кочани.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Извор: Дневни билтени од МВР