Во Сабота со почеток во 15:30 часот се играат натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Централниот натпревар се игра во Кочани каде домаќинот „Осогово“ го пречекува стариот должник, екипата на „Шкендија“ од Арачиново. Утрешните противници за неполна година ќе се сретнат по трет пат, во претходните два натпревари „Осогово“ претрпе два порази, најпрвин во бараж натпреварот во Кавадарци 1:2 и во 9-тото коло од ова првенство на гостински терен 0:1. Сега дојде време за наплата на долговите.
„Жетварите“ кои несомнено се хит во пролетниот дел на сезоната најавуваат уште една победа, победа која ќе им ги зголеми шансите да напредуваат во горниот дел на табелата. Секој противник е ранлив а до посакуваната цел се доаѓа со стрплива игра и искористување на шансите.
Играчите на „Осогово“ се спремни за овој натпревар но ја очекуваат и поддршката на публиката. Ако пролетните резултати на „Осогово“ не се мамка за поголема посетеност тогаш не се знае што треба да сторат играчите за да играат пред полни трибини.
Двојки за 24-тото коло:
Осогово – Шкендија (А)
Тетекс – Преспа
Каменица Саса – Охрид
Новаци – Скопје
Брегалница – Големо Коњари
Вардар – Детонит Плачковица
Кожуф – Слога 1934
Победа – Беласица
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
