ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ВО НЕДЕЛА ПОСЛЕДНО КОЛО И ПРОМОЦИЈА НА „ОСОГОВО“

Во Спорт
мај 12, 2023
1 минути

Во Недела со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 22-то, последно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Пред почетокот на натпреварот предвидена е мала свеченост на која и официјално ќе биде прогласен Шампионот во годинешното првенство „Осогово“ кое ја пречекува екипата на „Тиверија“ која годинава слави еден век постоење.

На преостанатите четири натпревари се очекува отворен и ефикасен фудбал.

Двојки од 22-то коло:

„Осогово“ – „Тиверија“

„Брегалница сениори“ – „Вардарски“

„Рудар“ – „Малеш“

„Овче Поле“ – „Дојранско Езеро“

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Спартмани“

Слободна во ова коло е екипата на „Карбинци“.

С.  Ивановски