Почитувани сограѓани, православни христијани,
Ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на Општина Кочани, да ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресението Христово – Велигден!
Велигден е празникот кој ни ја носи најсилната порака на надежта: дека светлината секогаш го победува мракот, а животот ја победува смртта. Овие празнични денови нека бидат поттик да ги негуваме вистинските вредности – солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.
Ви посакувам празникот да го поминете во мир, спокој и радост. Нека благодатта на овој ден донесе здравје и благосостојба во секое семејство!
Христос Воскресна! Навистина Воскресна!
За многу години!

Градоначалник на Општина Кочани,
Владко Грозданов
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
