Кога раководни структури од Кочани беа на чело на КЈП „Водовод“, со сите нивни недостатоци и способности барем си го сакаа градот и израснати во него сакаа убаво да изгледа.

Улиците редовно се чистеа, цвеќе посадено по жардинјерите, речното корито уредено, дефектите навреме отстранувани, сметот редовно и тоа по неколкупати се собираше, депонијата ја користеа исклучиво жителите на Општина Кочани, едноставно иако и тие имаа грешки но не вакви какви што се денешните раководители.

Денес е жално да се погледне т.н. „триаголник“ некогаш редовно во него се садеше цвеќиња, денес не, жардинјерите покрај реката секогаш со цвеќе, денес не, металните корпи на канделабрите секогаш со саксии цвеќе, денес не, а за централното градско подрачје каде што е лоциран Хотел „Центар“ подобро и да не се пишува..


Деновиве за Велигденските празници Кочани беше доста посетено, од наши сограѓани кои живеат во другите градови во земјата и надвор од неа, нивни пријатели и обични гости кои еве изразиле желба празниците да ги поминат во „градот на оризот“.

И што видоа, видоа несреден град, град кој нема бели дробови за дишење, град кој некои не можеа да го препознаат.

Затоа господа, доста со фотографирања, шетања и давање лажни ветувања, време е да се фатите за работа, на градот да му ја вратите убавината а вашите плати да ги оправдате,


С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
