Револтирани граѓани ни испратија фотографии на кои се гледа дека сообраќајната култура на поединци е сведена на нула.
Фотографиите се направени во строгиот центар на градот, поточно на улица „Браќа Ставреви“ во непосредна близина на Градскиот плоштад, птоочно спроти новите простории на „Црвен крст“.
Револтот е оправдан бидејќи од едната страна на улицата нема тротоар, а од другата прсторот наменет за движење на пешаците највулгарно е узурпиран од, благо кажано, несовесни возачи.
Ова е многу фреквентна улица по која главно се движат децата за да одат на училиште.
Дали ако се случи некаква несреќа повторно системот ќе ни биде крив?

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
