Со особена чест и задоволство, Ве поканувам на првата филмска проекција со нова кино опрема, која беше набавена од донираните финансиски средства од минатата година од страна на Агенцијата за електронски комуникации.
Со „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, снимен во околината на Кочани, Центарот за култура „ Бели мугри“ ќе ја означи новата сезона на филмски проекции со современа кино опрема.
Првата проекција е со хуманитарен предзнак. Собраните средства ќе бидат наменети за повредените од минатогодишната трагедија на кои им е потребна долгорочна подршка.
Проекцијата на филмот е закажана за 17.04.2026 година, во 19 часот.
Билети може да се купат на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари.
Однапред Ви благодарам за Вашето присуство и медиумската подршка за Центарот за култура..
Со почит,
НУ ЦК „Бели мугри“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
