Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани денеска во Спортската сала „Сашо Лазаров Чапо“ во Кочани го спроведе Општинскиот натпревар на екипите по прва помош 2026 година.

На натпреварот настапија 8 екипи во категориите младинци и подмладок од основните и средни училишта и во категоријата дисеминација.
Натпреварувачите се натпреваруваа на кружна патека, на пунктови за укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди, пункт за дисеминација и пунктови со забавни содржини.

Првото место во категоријата младина и припадна на екипата од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, додека во категоријата подмладок првото место и припадна на екипата од ООУ „Синиша Стоилов“ – Зрновци.

Најдобро познавање на организацијата на Црвен крст и нејзиното работење прикажа екипата од ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани кои го освоија првото место во категоријата дисеминација.

Победничката екипа од категоријата младина, екипата на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани ќе ја претставува Општинската организација на Црвен крст – Кочани на Регионалниот наптревар на екипи по прва помош во месец мај во Скопје.

Црвен крст – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
