ОНА ШТО ГО ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ, ТОА ЌЕ ГИ ДОЧЕКА ИЗЛЕТНИЦИТЕ

април 30, 2026
0 минути

Она што го оставија излетниците зад себе, тоа и ќе ги дочека за време на викендот.

Пред нешто помалку од месец дена имавме сторија за односот на луѓето кон природата. Со оставање смет зад себе по излетите сами си ја уништивме природата.

И денес на истиот потег на едно од местата за одмор покрај Кочанска река кон брана Гратче купот од смет стои, но сега во поголема форма отколку тогаш. Значи некој бил овде, го видел претходно оставениот смет и тој со нов само го надополнил. Ова е дело на младите но и на постарите генерации, ова  е дело на сите нас.

Се е инаку убаво замислено и направено, покриени клупи за одмор, место за скара, корпи за отпадоци, но бидејќи немаме совест кога добро ќе размислиме испаѓа дека се е залудно направено.

Да се разбереме, КЈП „Водовод“ го собира сметот по патот од Гратче кон градот, и вработените немаат никаква обврска да слегуваат покрај реката за да го соберат и тој смет. Тоа е оставено на совеста на самите излетници а во краен случај и на екипата комуналци времено ангажирана од Локалната самоуправа.

Фотографиите зборуваат за сé. Сликата слична беше и пред помалку од месец дена како и денес.

Па нека ни е на здравје.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ