„ОСОГОВО“ ТРИМФИРАШЕ ВО НЕГОТИНО, „БРЕГАЛНИЦА“ ПРЕД ПРВОЛИГАШКА ПРОМОЦИЈА

Во Спорт
мај 10, 2026
1 минути

Се одиграа натпреварите од 28-то коло во кое „Осогово“ триумфално си замина од неготино, додека во Штип со нерешениот резултат на две кола до крајо на првенството „Брегалница“ е пред прволигашка промоција.

Во Неготино со головите на Драган Паунов во 25’ и резервистот Филип Димоски во 55’74’83’ го совлада  веќе испаднатиот „Вардар“ со 4:0 (1:0).

Во Штип пред преполни трибини се одигра дерби натпреварот во кој „штипските сини“ и „Шкендија“ од Арачиново одигра  1:1 (0:1).

На сите останати натпревари во главно славеа фаворитите.

Резултати од 28-то коло:

Вардар (Н) – Осогово  0:4

Тетекс – Скопје  0:1

Охрид – Големо Коњари  3:0

Преспа – Детонит Плачковица  0:3

Каменица Саса – Слога 1934  1:0

Новаци – Беласица  1:0

Брегалница – Шкендија (А)  1:1

Кожуф – Победа  8:0

Во следното 29-то претпоследно коло „Осогово“ ја пречекува „Брегалница“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ