АМБАСАДОРОТ ПРЕСКЕР СО ПОДДРШКА НА ПРОЕКТОТ „ВЕШТИНИ – КЛУЧОТ НА ЗЕЛЕНАТА ЕКОЛОГИЈА“ ВО КОЧАНИ

мај 14, 2026
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, со кои разговараше за  текот на реализацијата на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ што се реализира во Кочани со поддршка на Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија.

Проектот, преку собирање билки и дизајнирање билни градини вклучува едукативни активности во училишната градина на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, обуки на млади невработени луѓе, настрадани во трагедијата во „Пулс“ и заинтересирани граѓани. Учесниците се обучуваат за стекнување вештини поврзани со билки и шумски плодови, дизајн на домашни градини и за едукација за капацитетите на природата.

На средбата беа истакнати придобивките од проектот: развој на вештините кај младите за економско и социолошко зајакнување, развој на претприемачките капацитети преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство и развој на зелената економија.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ