Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, беа претставени придобивките од билкарството.

Билјана Пешева, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство.

На презентацијата присуствуваше и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер, кој во свое обраќање го поздрави интересот на присутните за развој на оваа вештина, за економско зајакнување и за стекнување и развој на претприемачките способности преку поврзување со природното, традиционалното и културно наследство.


Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
