Во текот на ноќта или денешниот ден до контејнерите на улицата „Димитар Влахов“ пред блокот „А“ се оставени неколку екрани и други делови од компјутери. Ништо необично, оставени до контејнерите каде и пред тоа се оставаа шут, метални делови и други тврди материјали кои не се собираа со камионите за смет, туку се информираа надлежните во КЈП „Водовод“ кои со трактор ги собираа и хи носеа на депонијата.

Но повеќе не е така. Како што сме информирани од водовод веќе не ги собираат ваквите материјали ниту со трактор, ниту со некое друго возило, туку тоа си е проблем на сопственикот. Тој треба да набави приколка да ги собере во неа и самиот да ги однесе на депонијата.
Сега како што стојат работите овие компјутерски делови заедно со екраните ќе останат на истото место подолг период, секако доколку некој не се смилува и истите ги транспортира до депонијата.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
