Денес по трет пат КПС „Осоговски орел“ – Кочани успешно ја реализираше MTБ турата „Манданата 2026“, на која учество зедоа околу 50 велосипедисти од цела Македонија.

Со ова организаторите уште еднаш докажава дека велосипедизмот, природата и добрата дружба спојуваат луѓе со иста страст и енергија.

Од КПС „Осоговски орел“ ја истакнуваат големата благодарност до сите спонзори; Општина Кочани, Млекара Балкан и Винчини, без чија поддршка овој настан немаше да биде возможен.

Голема почит до членовите на КПС „Осоговски Орел“, луѓе кои со огромен труд, организација, посветеност и љубов кон планината и велосипедизмот стојат зад целата приказна.

Почнувајки од подготовките, трасата и логистиката, па сè до атмосферата и безбедноста на учесниците, секој член даде огромен придонес за да „Манданата 2026“ биде уште едно успешно и незаборавно издание. Без ентузијазмот на овие луѓе немаше да биде возможно вака добро да се организира целата манифестација.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
