ОСУМ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „ПАРТИЗАН“ – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КАРАТЕ ТУРНИР „СОЛИДАРНОСТ ОПЕН 2026“

Во Спорт
мај 17, 2026
1 минути

Во организација на карате Клуб „Солидарност“ од Скопје а со техничка организација на Карате федерацијата на Македонија, денес во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународен карате турнир „Солидарност Опен 2026“

Во конкуренција на 600 натпреварувачи од карате клубовите од Македонија и Србија, каратистите на „Партизан“ – Кочани настапија со 13 натпреварувачи кои освоија вкупно осум медали од кои две златни и шест бронзени.

Освојувачи на златните медали станаа:

Божјидар Трајчев – кумите помлади кадети, до 46 килограми  и

Јован Арсов – Кумите Јуниори, +76 килограми.

Бронзените медали се најдоа на градите на:

Михаил Стаменков – Кати 2014 година 2 ниво,

Алексија Данева – Кумите ученици, +44 килограми,

Стефан Донев – Кумите ученици, до 38 килограми,

Божјидар Трајчев – Кумите помлади кадети, до 41 килограми,

Методиј Салтиров – Кумите Кадети, до 63 килограми,

Јован Арсов – Кумите Кадети, +70 килограми.

„Имавме добар турнир. Задоволни сме од резултатите на нашите натпреварувачи. Освоивме вкупно осум медали од кои две златни и шест бронзени. Мора да споменеме дека на овој турнир за Карате клубот Партизан настапија и : Милана Стаменкова, Анастасиа Хаџи Паунова, Ангелина Горгиева, Мартина Димитрова, Алексиа Савева, Имрен Саидова и Јордан Иванов кои покажаа солидни борби но нијанси одлучуваа и  не успеаја да се закитат со медал. Сепак честитки до сите наши членови кои настапија на овој традиционален мегународен турнир“ рекоа од Карате Клуб „Партизан“ – Кочани

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ