Почитувани сограгани,
Повеќе од шест месеци имаме практикување на локалната власт од страна на ДПМНЕ и нивниот независен и надпартиски градоначалник Владко Гроздановски.
Повеќе од шест месеци имаме НУЛА реализирани проекти, крајно неефикасна администрација и протоколарен градоначалник.
Почитувани, ако после 16 март Кочани беше град на колена, оваа локална власт успеа да го турне на плеќи. Во најтешките моменти за градот,за целата Општина, без тронка совест и срам, ги излажаа и изманипулираа своите сограѓани со празни ветувања за некакви мега инвестиции од 100 милиони евра.
Самиот Премиер при неодамнешната посета на Кочани, најави три мега проекти кои никако да почнат а не пак да се реализираат како што се: нов јужен булевар, мост на кочанска река и нов потисен цевковод во вредност од „дури“ 3,4 милиони евра што е само 3,4% од најавените 100 милиони евра кои требаше да го воскреснат Кочани.
Денес, под водство на најлошата локална власт и најлошиот градоначалник во историјата на Кочани, имаме:
-невиден сообраќаен хаос
-раскопани и небезбедни улици кои се градат со месеци и никако да се завршат како што се улиците Бел камен и Теодосија Паунов
-нечист и неуреден град со стотици депонии и ѓубре насекаде
-нефункционален градски базент со спорни концесии
-кучиња скитници на секој чекор кои преставуваат сериозна опасност по минувачите
-комунално јавно претпријатие кое континуирано си тоне во огромни загуби од работењето
-старечки дом на хартија кој само што не започнал со изградба ………
Почитувани, денес имаме Општина која “историски, епски и драматично“ живее во најлоши услови,како економски, така и развојно и инфраструктурно.
Денес имаме општинска власт која заради својата неспособност и незнаење го троши и последниот дел од трпението на граѓаните.
Ако е ваква состојбата за само половина година од нивното владеење, не очекува ли уште покатастрофална состојба до крајот на нивниот мандат.
СДСМ кога било најтешко, секогаш бил со своите сограѓани и заедно ќе се бориме против политиките на ДПМНЕ и нивниот надпартиски градоначалник, бидејќи Кочани заслужува и мора да има подобри услови за живот на сите.
Со почит,
ОО СДСМ КОЧАНИ 06.05.2026
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
