ГОРАЗД МИТЕВ НАЈКОРИСЕН ИГРАЧ НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР М-20 ОД КОШАРКАРСКОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА

Во Спорт
мај 19, 2026
1 минути

Дека има спортисти и од нашето поднебје кои бележат одлични резултати во кариерата е факт од кој не можеме да побегнеме, само што спортистот треба во вистинскиот момент да се насочи да оди по вистинскиот пат за да успее.

Таков е примерот со Горазд Митев од екипата на „Водно Санс“ од Скопје, кој на Завршниот турнир во М-20 од Кошаркарското првенство на  Македонска кој се одржа во Гевгелија заслужено беше прогласен за МВП (Најкорисен играч) на турнирот.

На турнирот освен „Водно Санс“ – Скопје учествуваа и екипите на „Вардар“ – Скопје, „Феникс“ – Скопје и домаќинот „Кожуф“, и во една таква силна конкуренција во кои играчите имаат квалитет да бидеш најдобар од најдобрите е за почитување.

Резултатите што ги постигна Горазд Митев се застрашувачко добри. Во полу финалето „Водно Санс“ –  „Кожуф“ 84:65, а зад името на Горазд Митев стои: постигнати 18 поени, 6 скока и 8 асистенции, додека во големото финале „Водно Санс“ – „Вардар“ 93:86 бројките се уште поимпресивни; 31 поен, 5 скока и 6 асистенции што беше доволно да биде прогласен за МВП (најкорисен играч) на турнирот.

Инаку кариерата на Горазд Митев започна со „Баскет Дино“ од Кочани  каде беше од 11-15 годишна возраст, потоа од 15 – 18 години помина во „Работнички“ од Скопје за да од 18 години па до денес е во екипата на „Водно Санс“.

Горазд Митев е роден 10.08.2006 година во Кочани, Средно образование,  „Спортска академија“ има завршено во Скопје а моментно е студент на Економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Настапите на овој вон сериски талент не останаа незабележани, напротив, за неговите услуги се заинтересирани освен некои домашни екипи од самиот врв, и екипи надвор од Македонија, па нема да биде никакво чудо доколку Митев заврши во некој од европските клубови а зошто не и и преку океанот најпрвин во НЦАА 1 лига а потоа и уште подалеку.

Добрите игри се препорака за успешна иднина.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ