Кон крајот на 2025 година, АД „Водостопанство на Република Македонија“ – Подружница „Брегалница“ Кочани, иницираше активности за чистење на одводниот канал „Блато“.
Наведениот канал функционира како реципиент за одводни води од делови од катастарските општини КО Кочани, КО Горни Подлог и КО Долни Подлог.

Констатирано е дека одводниот канал не бил целосно исшистен повеќе од десет (10) години, што резултираше со појава на штети предизвикани од поплавување на дворните места и земјоделските површини во рамките на населените места Горни и Долни Подлог.

Чистењето на каналот се реализира во две етапни фази:
- Прва етапа – опфаќа дел од каналот од самиот влив во Кочанска Река до село Долни Подлог, со вкупна должина од 2.000 метри.
- Втора етапа – опфаќа дел од каналот од село Долни Подлог до село Горни Подлог, со вкупна должина од 1.000 метри.

Во рамките на втората етапа, чистењето се изведува со поддршка на Општина Кочани, која обезбеди соодветна транспортна механизација. Со истата се врши дислокација на наносите и екстрахираниот материјал од каналот до претходно определено депониско одлагалиште.

Целосното изведување на опишаните интервенции значително ќе ја подобри заштитата на личните имотни добра, како и на земјоделските култури кои се наоѓаат во рамките на засегнатите населени места.
Постигнувањето на оваа цел е од непосредно значење за намалување на ризикот од идни поплавувања и зголемување на безбедноста на локалното население.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
