На 21 мај, во големата сала на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа обука наменета за зајакнување и личен развој на девојки и жени. Настанот беше посветен на стекнување нови дигитални вештини и совладување на алатки за практична примена на вештачката интелигенција во секојдневието и во кариерата.

Едукацијата ја водеа м-р Цветанка Штерјова Бурзевска, лиценциран психолог и м-р Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia.

Комбинацијата од психолошки пристап и технологија се очекува на учесничките им донесе конкретни вредности кои имаат директно влијание врз нивниот понатамошен развој: намалување на отпорот кон технологијата и градење самодоверба, дигитално зајакнување и конкурентност на пазарот на труд.

Обуката едновремено послужи и како платформа за поврзување на девојки и жени со слични интереси од локалната заедница. Присуството на Women in Tech им овозможи на учесничките пристап до поширока мрежа на ментори и ресурси за понатамошен развој во дигиталниот свет.

„AI4HerWellbeing“ е обука организирана од Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Кочани, преку проект кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински хаб на Западен Балкан и Турција.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
