ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ПОСЛЕДНО КОЛО

Во Спорт
мај 22, 2026
1 минути

Со натпреварите од последното 30-то коло се спушта завесата на годинешното првенство во Втора фудбалска Лига.

Многу нешта се познати пред одигрувањето на последното коло, но натпревар кој го привлекува вниманието е секако оној што ќе се одигра во Македонска Каменица каде што гостува екипата на „Шкендија“ од Арачиново и која ги бара бодовите за зацврстување на место кое води во бараж натпреварите. Евентуален кикс на Арачиновци очекува екипата на „Охрид“ која со победа на домашен терен обезбедува бараж натпревар.

„Осогово“ му гостува на „Новаци“ во директна борба за шестата позиција. Секој резултат на „жетварите“ освен пораз ги остава на шестата позиција

Двојки од 30-тото коло:

Новаци – Осогово

Тетекс – Големо Коњари

Скопје – Детонит Плачковица

Охрид – Слога 1934

Преспа – Беласица

Каменица Саса – Шкендија (А)

Брегалница – Победа

Вардар (Н) – Кожуф

Натпреварите започнуваат во 16:30 часо.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ