СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЈУЛИЈАНА ЈАНЕВ ПРЕД КОЧАНСКАТА ПУБЛИКА

мај 29, 2026
1 минути

Во пријатна атмосфера, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, солистичкиот концерт одржа младата и талентирана пијанистка Јулијана Јанев.

Со исклучителна зрелост и виртуозност за своите 18 години, матурантката од класата на проф. м-р Славче Величков од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип,  на пијано ги оживеа комплексните дела на светските класици. На богатата програма се најдоа композиции од Бах, Бетовен, Рахмањинов и Шопен, како и дела од истакнатите македонски композитори Томислав Зографски и Панде Шахов.

Професорот Величков ја претстави Јулијана Јанев како надежна уметница, веќе афирмирана на музичката сцена, добитничка на повеќе престижни национални и меѓународни награди. Меѓу нејзините најголеми успеси се вбројува освоеното апсолутно прво место во камерна музика на меѓународниот натпревар за класична музика International Youth Music Competitions во Атланта, САД.

Овој културен настан се реализираше како дел од програмата на Министерството за култура и туризам, во соработка со Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ