Денес некаде околу 13:00 часот до Полициска станица – Кочани планинар пријавил дека кај село Јастребник м.в. „Блага јабука“ забележал тело на доста неприступачен терен.
Од страна на полицијата Известен е Територијалната Противпожарна Единица – Кочани чии екипи заедно со екипа на Доброволна Планинска Спасителска Служба веднаш пристигнале на местото и успеале да го извадат телото и истото да го предадат на медицинските служби. Допрва ќе се утврдува чие е телото.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
