УСПЕШЕН НАСТАП НА ДПД – КОЧАНИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР „ВИП 2026“ ВО ПЕТРОВАРАДИН

јуни 14, 2026
1 минути

Четиричлена екипа на ДПД Кочани зеде учество на Меѓународниот натпревар во противпожарни игри „ВИП 2026“, кој се одржа во Петроварадин, Република Србија.

Натпреварот се одвиваше на четири различни полигони, а во силна конкуренција од 14 екипи од Србија, Хрватска и Словенија, нашата екипа успеа да го освои одличното трето место.

Упатуваме голема благодарност до домаќинот и организатор на натпреварот, ДВД Петроварадин, за одличната организација, топлиот прием и гостопримството што ни го укажаа во текот на целиот настан. Исто така, искрено им се заблагодаруваме на „Мак Рент“ од Кочани, кои со својата поддршка ни го овозможија ова патување и учество на натпреварот.

Ваквите меѓународни натпревари не се само можност за спортски и натпреварувачки успех, туку и за стекнување нови знаења, искуства и пријателства. Токму овие контакти и размена на искуства се од огромно значење за развојот и унапредувањето на нашето друштво.

Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација и посветеност!ж

ДПД – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ