Кога пред тринаесет години започна самостојно да работи Фудбалска школа „Фудбал Старс“ размислувањата беа дека и таа школа ќе биде иста како и повеќето, во која само ќе се собираат и тренираат дечиња без нешто поголемо да се направи.

Но еве после неолни тринаесет години Фудбалската школа „Фудбал Старс“ може да се пофали дека од нејзините редови произлегоа повеќето играчи кои сега во сениорска конкуренција настапуваат или имаат настапувано во клубови со звучни имиња за Македонски прилики.

Стојче Стојов – генерација 2000 после „Фудбал Старс“ продолжува во „Осогово“ (Кочани) „Слога 1934“(Виница) , „Каменица Саса“ (Македонска Каменица), „Детонит Плачковица“ (Радовиш), повторно во „Осогово“ (Кочани) и сега „Силекс“ од Кратово со кого го освои годинешниот Фудбалски Куп на Македонија.

Грегори Дафков – генерација 2003, после „Фудбал Старс“ продолжува во „Вардар“ (Скопје) и станува член на Репрезентацијата на Македонија У-17, „Беласица“ (Струмица), „Кожуф“ (Гевгелија) и моментно во „Осогово“ (Кочани).

Славче Живков – генерација 2003, после „Фудбал Старс“ продолжува во „Вардар“ (Скопје) а моментно е без ангажман.
Филип Јованов – генерација 2005, после „Фудбал Старс“ продолжува во „Осогово“ (Кочани).
Марио Симоски – генерација 2006, после „Фудбал Старс“ настапува во „Осогово“ (Кочани) каде моментно е и капитен на екипата.
Никола Ефремов – генерација 2006, после „ Фудбал Старс“ продолжува во „Осогово“ (Кочани).

Ненад Малинов – генерација 2007, после „Фудбал Старс“ продолжува во „Брегалница“ (Штип) клуб во кој уште се наоѓа.
Марко Ефтимов – генерација 2007, после „Фудбал Старс“ продолжува во „Осогово“ (Кочани).
Дарко Петров – генерација 2007, после „ Фудбал Старс“ продолжува во „Осогово“ (Кочани).

Сите спомнати играчи моментно настапуваат во сениорската конкуренција.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
