СО ЕДНА ПОБЕДА И ТРИ ПОРАЗИ СТАРТУВАШЕ „ОСОГОВО“ ВО ВТОРАТА ЛИГА – МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ

Во Спорт
септември 18, 2022
0 минути

Една победа и три порази е билансот на младинските екипи на „Осогово“ во првото коло од Втората лига – Младински категории каде за противник ги имаа соодветните категории од екипата на „Њу Старс“.

Најпрвин во Саботата на гостински терен „Осогово“ оствари една победа и еден пораз. Кадетите на „Осогово“ загубија со 0:5 додека Младинците извојуваа победа 7:2.

Денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се сретнаа истите екипи во категориите „Помлади пионери“ и „Пионери“.

Во првиот натпревар „Помлади пионери“ екипата на „Њу Старс„ беше далеку подобар противник од „Осогово“ и сосема заслужено триумфираше со 4:1 (2:1). Гостите освен четирите постигнати погодоци имаа уште неколку шанси за гол но сепак немаа концентрација во завршницата од акциите.

Во вториот натпревар се играше натпреварот во категоријата „пионери“, во кој гостите со една импресивна и преди се ефикасна игра победија со 6:0 (2:0).

Во „Осогово“ нема место за загриженост. Екипата по неколку години конечно заигра во овој ранг на натпревари па играчите ќе треба уште повеќе да работат за да им парираат на квалитетните екипи кои со години се натпреваруваат во оваа лига.

С. Ивановски