За прв пат во Македонија во Скопје беше организиран „Милан камп“.
Детскиот клуб „Фудбал старс“ зеде активно учество со четири деца : – Митев Филип, Поповски Давид, Андонова Ана и Коцева Вероника Кампот се одржа од 10 до 14 Јуни на терените на ФФМ, а со децата работеа 3 тренери од Италија и неколку врвни тренери од Македонија.
Имаше учесници од сите градови и сите деца добија сертификати за учество, додека три деца беа избрани како најдобри и ќе патуваат во Милано во тренинг кампот на Фудбаллскиот Клуб „Милан“.

Чест ни е што бевме дел од кампот на голем клуб како Милан. Сакаме воедно да изразиме благодарност до Здружението „Викториа“ на Г-ѓа Јета Чаколи Алија кое беше донатор за учеството на нашите деца. Исто така благодарност и до Италијанскиот амбасадор во Македонија Г-динот Паоло Палминтери за неговата иницијатива кон Здружението „Викториа“.
За крај го оставивме најдоброто, сакаме да истакнеме дека Ана Андонова беше избрана како едно од трите деца кои ќе патуваат во Милано. Ова е голем успех за нас како клуб кој работи најмногу со млади фудбалери и воедно ни дава поттик да продолжиме и понатаму со уште поголемо темпо.

„Фудбал старс“ – Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
