ГОРАН ЃОРГИЕВ – ГАНЕ ТРЕНЕР НА ГОЛМАНИТЕ НА ГФК „ОСОГОВО“, ВО САБОТА ПРВ ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР

Во Спорт
јануари 27, 2022
0 минути

Горан Ѓоргиев – Гане пред неколку дена е именуван за тренер на голманите на ГФК „Осогово“. Од Кочани. Со поставувањето на Ѓоргиев за тренер на голманите сега е потполно комплетиран стручниот штаб на кочанскиот второлигаш.

Инаку Ѓоргиев својата кариера како голман ја започна во „Осогово“ потоа бранеше во „Борец“ од Велес а ја заврши како голман на „Слога“ од Виница. По завршување на голманската кариера долги години беше дел од судискиот актив при ОФС Кочани, најпрвин како судија а подоцна и како контролор.

Инаку „Осогово“ со жестоко темпо го работи овој дел од подготовките. Ако во првата седмица се тренираше еднаш дневно, сега се работи по двапати на ден се со цел играчите да бидат што подобро физички подготвени.

Паралелно со тренинзите за физичка издржливост ќе започне и циклусот на одигрување подготвителни натпревари.

Во Сабота со почеток во 13:30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во првиот контролен натпревар „Осогово“ ја пречекува „Каменица Саса“.

С. Ивановски