За во Недела со почеток во 15:00 часот се закажани натпреварите од 21-то Коло во Втора Фудбалска Лига.
„Осогово“ и гостува на „Беласица“ во Струмица која во пролетниот дел многу лесно беше совладана во Кочани 3:1 со што беа освоени првите три бода по петте последователни порази. По лошиот старт на кочанчани и во пролетниот дел на првенството надежта е дека „Беласица“ повторно ќе биде совладана и дека „Осогово“ полека но сигурно ќе влезе во безбедносната зона. Затоа „Осогово“ со доза на голем оптимизам патува во Струмица и никој ни не помислува на пораз, туку со верба во себе „жетварите“ со песна да се вратат дома.
Двојки за 21-то коло:
„Беласица“ – „Осогово“
„Скопје“ – „Охрид“
„Вардар“ (Н) – „Аресими“
„Караорман“ – „Пелистер“
„Кожуф“ – „Беса“
„Детонит Плачковица“ – „Тетекс“
„Каменица Саса“ – „Башкими“
„Новаци“ – „Победа“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ