ГОЛЕМ ДЕН ЗА ДПД КОЧАНИ, ОБЕЗБЕДЕНО ПИКАП ВОЗИЛО ЗА ГАСНЕЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРИ

јули 11, 2026
0 минути

Со огромна чест и гордост ве известуваме дека ДПД Кочани успеа да обезбеди пикап возило, кое во наредниот период ќе биде надградено со специјален модул за гасење шумски пожари.

Ова беше една од нашите примарни цели уште од самото основање на друштвото. Денес, благодарение на заедничката поддршка и доверба, таа цел е остварена. Ова возило претставува значајно засилување на нашите капацитети и ќе има огромно значење не само за ДПД Кочани, туку и за градот Кочани и целата заедница. Ќе ни овозможи побрза и поефикасна интервенција при шумски и отворени пожари, со што директно придонесуваме за поголема безбедност на граѓаните и заштита на природата.

Воедно, сакаме од срце да им се заблагодариме на сите општествено одговорни компании, институции и физички лица кои од самиот почеток стојат зад ДПД Кочани. Вашата доверба, поддршка и несебична помош се темелот врз кој го градиме ова друштво. Без вас, ДПД Кочани немаше да биде тоа што е денес. Продолжуваме уште помотивирани, со нови цели и уште поголема посветеност кон безбедноста на нашите сограѓани.

Ви благодариме за довербата! Заедно за побезбедно Кочани!

ДПД Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ