ЗАСЕДАВАШЕ КРИЗНИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

јули 22, 2026
0 минути

По денешното невреме што го зафати Кочани, доцна вечерва во просториите на Општина Кочани се одржа состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување.

На состанокот беа разгледани и мапирани сите проблеми пријавени од граѓаните, а надлежните служби ги координираа досегашните активности на терен. Благодарение на нивната навремена интервенција, патиштата се проодни, а паднатите дрвја што предизвикуваа непроодност на повеќе улици се отстранети.

Утре, во раните утрински часови, екипите веднаш ќе продолжат со работа на терен, со цел целосно санирање на последиците од невремето и нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја.

Сите надлежни институции се меѓусебно координирани и ќе останат во постојана комуникација, со цел навремено преземање на сите потребни мерки и обезбедување безбедност за граѓаните.

Општина Кочани упатува благодарност до сите институции, служби, поединци и граѓани кои од првиот момент беа ангажирани во справувањето со последиците од невремето. Благодарност до Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани, КЈП „Водовод“ – Кочани, Доброволното противпожарно друштво (ДПД), Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шумската полиција, ЈП „Национални шуми“ – Подружница Кочани, Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН Кочани, како и до сите поединци и доброволци кои несебично помогнаа таму каде што беше најпотребно. Искрена благодарност и до граѓаните за нивното трпение, разбирање и соработка.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ