ГОЛЕМА ШТЕТА НАПРАВИ НЕВРЕМЕ КОЕ ГО ЗАФАТИ КОЧАНИ,

јули 21, 2026
1 минути

Денес некаде околу 18:00 часот силен ветер и дожд го зафати Кочани и Кочанско.

Во градот и надвор од него се забележуваат паднати дрва,, оштетени кровови, скинати тенди.

Градоначалникот со своите соработници е излезен на терен и ја скенира направената штета. Екипи на ТППЕ – Кочани, на ДПД – Кочани, на КЈП „Водовод“ – Кочани се излезени на терен, ги отстрануваат дрвјата паднати на коловозите. На улицата „Кеј на Револуцијата“ дрво е паднато врз возило додека истото било во движење.

Од Општина Кочани апелираа на смиреност кај населениетоа секоја направена штета ќе можат да ја пријават во Центарот за управување со кризи (ЦУК) на телефонските броеви 112 или 075 317 795.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ