Врз основа на член 17-а став 2 и член 26 став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„ бр.75/19, 89/22, 274/22, 208/24, 193/25 и 96/2026) и согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24 од 16.10.2024 година), Советот на Општина Кочани на 25.07.2026 година, донесе и објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување, вршење на јавен превоз на патници и превоз на ученици „Светлина Ко 2022“- Кочани
- НАЗИВ НА ОСНОВАЧОТ НА ЈП : Совет на Општина Кочани
- НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ:
-Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување, вршење на јавен превоз на патници и превоз на ученици „Светлина Ко 2022“-Кочани, седиште на ул.„Раде Кратовче“ бр.1- Кочани
- ОСНОВ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ:
Избор на пет членови на Управниот Одбор на ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани и избор на три членови на надзорен одбор на ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани .
Постапката се спроведува согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на Јавно претпријтие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.213/24 од 16.10.2024 година).
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Кочани www.kocani.gov.mk и на веб страната на ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани – (нема)
- УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на управен одбор и член на надзорен одбор на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll степен образование и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Освен овие општи услови наведени во член 17 став (4) од Законот за јавни претпријатија, членовите на управниот одбор согласно член 17 став (5) од Законот за јавни претпријатија треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа најмалку пет години работно искуство од кои:
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиското работење,
- најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи/
А членовите во надзорниот одбор на јавните претпријатија освен претходно наведените услови кои се согласно член 26 став (2) од Законот за јавни претпријатија согласно член 26 став (3) треба да имаат и соодветно работно искуство и тоа:
- еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
- еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот и на надзорниот одбор изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
Членовите на управниот и на надзорниот одбор на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие.
- ДОКУМЕНТИ КОИ ТРЕБА ДА БИДАТ ДОСТАВЕНИ КАКО ДОКАЗ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ или ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија
- Кратка биографија,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
- НАЧИН И РОК НА ДОСТАВА НА ДОКАЗИТЕ / ПРИЈАВИТЕ
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е прилог кон повикот) да ја достават до:
Општина Кочани, ул„Раде Кратовче” бр.1, Кочани или во архива на Општина Кочани (со назнака: За Јавен повик за именување на член на управен и надзорен одбор на ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани , со точно назначување дали се пријавува како член за управен или за член на надзорен одбор на ЈП „Светлина Ко 2022 “- Кочани )
Јавниот повик се објавува на ден 27.07.2026 година и трае 5 (пет) работни дена, односно најдоцна до 31.07.2026 година.
Краен рок за поднесување на пријавите е 31 . 07. 2026 година.
Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот и надзорниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.
II.
Јавниот повик влегува во сила со денот на донесувањето, и ќе се применува од денот на објавувањето електронски на веб страницата на Општина Кочани, а ќе се објави и во „Службен гласник на Општина Кочани“.
Бр. 09-1342/1 Претседател
25.07.2026 година на Советот на Општина Кочани, К о ч а н и Александар Андов
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
