И во третиот натпревар како дел од подготовките за есенскиот дел од Втора Фудбалска Лига кочанскиот второлигаш не успеа да дојде до победа.
„Осогово“ како гостин загуби од Работнички со 1:2 (1.1). Домаќините први го открија резултатот но со евро голот на Грегори Давков кочанчани израмнија и со резултат 1.1 се замина на одмор. Во второто полувреме домаќините постигнаа уште еден погодок и со победа го завршија натпреварот.
Следната сабота во Кочани гостува екипата на „Тетекс“ што ќе биде генерална проверка пред стартот на првенството кое започнува на 15 Август.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
