По повод петгодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе, што се одбележува во текот на 2026 година, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Брегалничката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Илиарион, подготвува зборник посветен на ликот и делото на Света Лидија Македонка.
За таа цел е распишан Јавен повик за доставување авторски трудови за улогата на жената во православната црква и за ликот и делото на Света Лидија Македонка. Право на учество имаат сите заинтересирани авторки, истражувачки, професорки, теолози, научни и културни работнички и други лица што ќе придонесат кон содржината на зборникот.
Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик, во Ворд со фонт 12, најмногу до 7 страници (А4 формат) и да се испратат на е-адресата: [email protected]. Рокот за доставување на авторските трудови е до 1 септември 2026 г.
Зборникот со трудови ќе биде промовиран на денот на осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
