Од денес започнаа градежните работи на кружниот тек во непосредна близина на печатницата „Генекс“ во последно време нарекуван „Вози Мишко“.
Од денес па во наредните три дена ќе се поставува асфалтен слој така по долго време учесниците во сообраќајот ќе ги немаат проблемите со кои се соочуваа во последните пет месеци.
Токму денешните градежни работи предизвикаа малку по спора фреквенција на возилата. Се создаваа колони на возила па возачите почесто реагираа.
Сепак добро е да се комплетно завршат работите кај овој кружен тек за да не страдаат возилата како во последно време кога се движеа по доста нерамен дел од патот.
С. Ивановски