„ROTARY RUN“ ТРКА НИЗ УЛИЦИТЕ НА КОЧАНИ

март 27, 2022
1 min read

Во организација на Ротари клубот „Кочани – Виница“ за прв пат се одржа урбаната трка „Rotary Run“ низ централните улици во Кочани.

Трката започна пред Центарот за култура „Бели Мугри“ од каде на кружна патека низ улиците„Кеј на револуција“, „Борис Трајковски“, „Гоце Делчев“ и дел од „Маршал Тито“.

На трката учествуваат над 230 учесници, во машка, женска конкуренција и ветерани над 45 години кои се натпреваруваа на 5 и на 10 километри на кружна патека.

Се пијавија натпреварувачи од целат држава, а на трката учествуваа и репрезентативци од Македонската атлетска репрезентација.

Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во трите категории добија и плакета, а најдобрите тројца натпреварувачи на трката на 10 километри во машка и женска конкуренција добија по 6000, 3000 и 2000 денари.

Ротари клубот „Кочани-Виница“ ќе се залага овој настан кој за прв пат се организира во Кочани да прерасне во традиција.

„Rotary Run“ трката има за цел да промовира здрав начин на живот, зачувување на животната средина и промоција на трчањето како здрав спорт.

Средствата собрани од котизацијата за учество ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Ротари клуб „Кочани-Виница“

Благодарност до Фото „ЛУНА“  за фотографиите