НОЌНА ДРУЖБА НА ТРЕНЕРИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ КЛУБОВИ

декември 18, 2022
0 минути

Една интересна идеја со уште подобра реализација се случи сношти во Ресторан „Аледар“ во Кочани.

Имено пред околу две седмици Зоран Сребренов – тренер во БК „Спартак“ од Кочани формираше група на социјалните мрежи преку која упати јавен повик за предновогодишно дружење на тренерите од Кочани од сите спортско клубови.

Идејата беше прифатена, а на иста маса во една доста релаксирана атмосфера седнаа тренерите од „Аикидо“, двата карате клуба, БК „Спартак“, КК „Баскет Дино Деликатес“ и од ГФК „Осогово“.

Со евоцирање на случки од нивниот тренерски живот, со песна и прекрасно мезе во една прекрасна атмосфера заврши првата дружба од ваков тип.

На заминување си дадоа збор дека вакви средби ќе има и во иднина, но и со надеж дека ќе им се придружат и другите тренери од останатите спортови.

Секоја чест за идејата и за реализацијата.

С.  Ивановски