На 13.07.2022 во 13.52 во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Бел Камен“ и ул.„1 –ви Мај“ во Кочани, по претходна вербална расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Д.Ј.(38), В.Ј.(42) и Б.Ј.(71), тројцата од Кочани, од една страна и Ж.А.(60), В.А.(47) и Б.С (32) вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Кочани, од друга страна, кои извршувале работни задачи.
По документирање на случајот против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип