КОЈ ТОА ОДЛУЧИ ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ ЗАД БИСТИТЕ НА РАДЕ КРАТОВЧЕ И ЉУПЧО САНТОВ?

јули 14, 2022
1 минути

Деновиве забрзано се работи на изградбата на јавни тоалети и тоа никаде на друго место туку до  Домот на културата „Бели Мугри“ и веднаш зад новата локација на бистите на борците од НОБ Љупчо Сантов и Раде Кратовче.

Уште кога започна реконструкцијата на „Паркот на Револуцијата“ (за одредени поединци е „Градски парк“) и сознанието дека зад влезот на некогашниот Ресторан-бар „Елпида“ е предвидена изградба на јавни тоалети а дислокацијата на бистите на борците од НОБ Љупчо Сантов и Раде Кратовче ќе бидат поместени веднаш на десната страна од влезот на „Елпида“ со реакција се јавија членовите на ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани и од домот на културата.

Откако се увиде грешката изградбата експресно се стопираше (ниту истата започна), одлуката според тогашните најави се поништи и се бараше нова локација за јавните тоалети.

И наеднаш деновиве почна изградбата на јавните тоалети токму онаму каде што беше најпрвин предвидено.

По ова скандалозно однесување на поединци се поставуваат неколку прашања: 1.Кому му смета историјата од НОБ па така анархиски се однесуваат токму кон оние кои своите животи ги имаат дадено за денешната слобода:, 2. Кому му смета чисто Кочани? и на крај 3.Кој не сака Кочани да има убав изглед?

По многуте вакви случувања на „луѓето од сенка“ едно е сигурно дека инаетот никаде нема да ги одведе.

С. Ивановски