КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ЉУПЧО ПАПАЗОВ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

октомври 23, 2021
1 min read

По повод 23 Октомври Денот на Македонската борба кандидатот за градоначалник „Љупчо папазов“ во придружба со членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани во „паркот на револуцијата“ пред споменикот на Никола Карев положија свежо цвеќе.

По тој повод Папазов изјави:

„Празнувајќи го 23 Октомври, го чествуваме датумот којшто во македонската историја претставува симбол на организираното револуционерно движење за слобода и независност.Силните преродбенички текови во општеството и зголемениот број на млада образована интелигенција во втората половина на 19 век неминовно одеа во прилог на култивирањето на напредни идеи за широко ослободително движење, што кулминираше со формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата била масовно поддржана и прифатена од сите слоеви на македонското општество и прераснала во најважен фактор за борбата за конституирање на Македонија како посебна држава. Идеалите и принципите на историската организација за слобода, правда, еднаквост и независност се втемелени и во современа Македонија и истите се потсетникот за обврската постојано да ги надградуваме и успешно исполнуваме со цел обезбедување на прогресивен развој на државата и просперитетна иднина за сите нејзини граѓани. Нека е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“.