ОДГОВОР НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ВРСКА СО СООПШТЕНИЕТО НА ОО СДС

септември 9, 2022
0 минути

Почитувани од ОО на СДС,

Како личност и како вршител на функцијата Градоначалник чувствувам должност и одговорност во реализацијата и завршувањето на сите затечени и предложени проекти и активности од страна на граѓаните во интерес на Општина Кочани.

Кога зборувате за проекти од инфраструктурна револуција, кажете зошто истите не биле завршени или за какви цели и потреби биле само зачнати?

Еднаш Ве прашав и повторно ќе го поставам прашањето: Дали треба да ги оставиме работите кои само се започнати, а незавршени кои ги авторизирате како сопствени и да го почекаат евентуалното Ваше доаѓање на власт за да бидат завршени тогаш?

Видео записот за добитниците на наградите од Општината, овојпат подготвен од авторите кои се потпишани на истиот чини 0 денари.

Граѓаните кои ми дадоа поддршка се мудри и добро знаат да ја ценат и препознаат посветеноста во извршувањето на должноста. А за транспарентноста зборува информацијата од спроведената анализа за 2022 година на Центарот за граѓански истражувања, кадешто Општина Кочани со 95,8% е на високо место во државата и на прво место во регионот.

Со почит,

Кабинет на градоначалник на Општина Кочани