Како што дознаваме фудбалскиот натпревар „Спартмани“ – „Осогово“ одигран во рамките на 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток ќе има и трето полувреме.
Натпреварот заврши со победа на домаќините од 1:0, но кочанчани најавија жалба до организаторот на Трета Фудбалска Лига – Исток, ОФС Кочани за настап кај домаќините на нерегистриран играч.
Во жалбата која е поднесена во предвидениот рок и за која ГФК „Осогово“ изврши навремена уплата се вели: „Почитувани, во врска со одигранта средба од трета лига истока помеѓу клубовите ФК „Спартмани“ и ГФК „Осогово“ на ден 02.10.2022 со почеток од 15.00 часот сакаме да поднесеме жалба за записникот и регистрираниот резултат во него. На тој првенствен натпревар настапи играч Митко Цонев со број 6. Играчот влезе од 14 минута до крајот на уткамицата при тоа беше и стрелец на голот но тој играч не е регистриран за ФК „Спартмани“.
Образложение:
Играчот со комет број 114139 Кршков Ване кој според записникот влезе во игра во 14 минута од натпреварот а , постигна гол во 40 минута од натпреварот, кој го носеше број 6 на уткамицата не е лицето кое е запишано во записникот. Имено на тој натпревар со број 6 настапи Митко Цонев со комет број 105062 кој нема право на настап за ФК „Спартмани“ за што во прилог ви доставуваме слики, тој е регистриран за Rheydter SV. Во прилог ви доставувавме слики од горе споменатите играчи.“
Комесарот на Дисциплинската комисија при Трета Фудбалска Лига – исток одлуката ќе треба да ја донесе најдоцна за 8 (осум) дена.
С. Ивановски