Со победа и пораз пингпонгарите на „Кочани“ го завршија есенскиот дел од првенството во Прва Пингпонгарска Лига.
Кочанчани најпрвин ја совладаа екипата на „Дебар маало“ (Скопје) со 4:0 а потоа загубија од „Зегин“ (Берово) со 1:4 и го завршија првиот дел од првенството на петтото што е добар усепх во конкуренција на десет екипи.
Есенски шампион е екипата на „Зегин“ која во целото првенство покажа константно добра форма и заслужено е на највисокото место од пиедесталот.
С. Ивановски