ПРОЕКТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА

октомври 6, 2022
1 минути

Во присуство на претставници од МОН (Министерство за образование и наука), БРО (Биро за развој на образованието), Општина Кочани, Ротари клуб „Кочани-Виница“, Одделението за сообраќај при Општина Кочани, Бизнис секторот и невладини организации, беше претставен проектот за подобрување на условите за работа на учениците, наставничкиот кадар и сите вработени во ООУ „Никола Карев“ во Кочани.

„Ова е проект кој треба да се реализира во иднина се со цел учениците да имаат подобри услови и модерно училиште кое ќе биде и гордост на Општина Кочани и на сите граѓани. Сето ова може да биде реалност бидејќи е направено на реален нацрт план, а моментално се прави финансиска проекција на планот.Некои фирми веќе најавиа донации и се надеваме дека набргу ќе почнеме со реализација на дел по дел од овој проект. ООУ,,Никола Карев” и во иднина ќе продожи да работи за подобрување на условите како на надворешното така и на внатрешното уредување се со цел учениците, наставниот кадар заедно со службата ги пратат модерните трендови и обезбедиме услови за работа преку кои ке имаме многу иновативни идеи и реализации како училиште“ стои во изјавата на Александар Андов – директор во ООУ „Никола Карев“ од Кочани.

С. Ивановски