„ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2022“ – ТРАДИЦИОНАЛНОТО ЗАЖНЕЈУВАЊЕ И ВРШИДБА НА ГУМНО ВО АТАРОТ НА СЕЛО ГОРНИ ПОДЛОГ

октомври 8, 2022
1 минути

Утринава во с. Горни Подлог, поворка со гости од земјава и странство, членови на фолклорни друштва од Балканот, со македонска народна песна се упатија кон плодните оризови полиња спремни за жетва.

Со благослови и народна песна зажнејувањето први го започнаа Здружението на пензионери од Кочани. По жетвата беше прикажан обичајот на вршидба, а во продолжение следуваа настапи на домашни и странски фолклорни ансамбли и концерт на Ирена Спасовска.

Традиционалното зажнејување и целодневната програма ја следеа и заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Абдулшуќур Абедини и државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски.

Големиот број на гости имаа можност да уживаат во изложбените традиционални ракотворби и традиционална храна подготвена од страна на домаќинките на с. Горни Подлог.

За најуспешен оризопроизводител годинава наградата и припадна на Анета Велкова од с. Грдовци.