МОТОРЏИИТЕ ОД ДВАТА МОТО КЛУБА ОД КОЧАНИ НА ЗАЕДНИЧКО ДРУЖЕЊЕ ВО ПРВИОТ ДЕН ОД НОВАТА ГОДИНА

јануари 1, 2024
1 минути

Она што го започнаа во саботата во сега веќе изминатата година, денес членовите на двата мото клуба од Кочани „Желки“ и „Strong riders“ го продолжија и првиот ден во годината во која само што зачекоривме.

Првиот ден од новата година дваесетина челниве од двата мото клуба од Кочани  го искористија за заедничка дружба која започна пред кафулето „Блек“ па по дефилето низ Кочанските улици се упатија во Виница за да на симболичен начин им ја честитаат новата година на комшиите.

По враќањето од Виница дефилето продолжи низ Кочанските улици по што се упатија до месноста „Кај Дабот“ во атарот на селото Бели. Дружбата завршува во Градскиот Трговски Центар.

Убава традиција која Мото Клуб „Желки“ ја слави еве веќе петта година по ред а според најавите со приклучувањето и на нивните колеги од Мото Клуб „Strong riders“ заедничките средби ќе продолжат и во следните години.

Од местото на настанот моторџиите порачаа: „Среќна Нова 2024 година“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ